ЈА УТНАВ СОБЛЕКУВАЛНАТА Возбудата го совладала Џеко во Интер

Тргнав накај гостинската соблекувална, кога Иван Перишиќ ми порача дека треба да одам на другата страна. Бев под притисок, бидејќи сакав да постигнам гол, а кога тоа се случи, сè беше полесно, раскажал Босанецот.

938

Босанецот Един Џеко имаше успешно деби во дресот на италијанскиот шампион Интер, а во интервјуто за телевизијата „ДАЗН“ раскажал за искуството како домашен фудбалер на „Џузепе Меаца“.

Репрезентативецот на БиХ признал дека бил посебно нервозен, па дека ја промашил и соблекувалната.






– Ова не беше мој прв натпревар на стадионот во Милано, но беше прв како член на домашниот тим. Тргнав накај гостинската соблекувална, кога Иван Перишиќ ми порача дека треба да одам на другата страна. Бев под притисок, бидејќи сакав да постигнам гол, а кога тоа се случи, сè беше полесно. Последните 30 минути имав ситни болки, но му реков на тренерот да ме остави во игра – изјавил Џеко.

Поврзани содржини