📽️ ЈА УНИШТИ ПРОСЛАВАТА НА ЧЕЛЗИ Трамп не сакаше да слезе од бината откако го додели пехарот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му предложи на Трамп да си замине, но тој остана меѓу играчите.

940

Американскиот претседател Доналд Трамп (79) синоќа славеше со тимот на Челзи откако им го додели пехарот на „сините“ за освоеното Светското клупско првенство. Сепак, вистинскиот шок дојде кога претседателот не сакаше да се симне од сцената.

Откако на лондонскиот клуб му беше врачен трофејот по победата над Пари Сен Жермен (3:0), американскиот претседател Трамп се придружи на тимот како да е еден од играчите и не сакаше да ја напушти бината. Напротив, тој остана меѓу играчите, позирајќи покрај капитенот Рис Џејмс, ѕвездата на натпреварот Кол Палмер и остатокот од веселото друштво.






Наместо да си замине откако трофејот беше доделен на Челзи, тој остана на сцената до крајот на церемонијата. Неговото присуство ги збуни играчите, особено Палмер, кој, според медиумските извештаи, рече: „Што прави?“.

Дури и капитенот Рис Џејмс подоцна одговарајќи на новинарски прашања ја објасни незгодната ситуација со претседателот на САД.

– Ни беше кажано дека Трамп ќе ни го додели пехарот и дека веднаш ќе се тргне од бината. Сепак тој одлучи да остане – изјави Џејмс.

Трамп претходно му ја додели Златната топка на Кол, а подоцна остана во кадарот додека играчите славеа, иако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му предложи да си замине. На социјалните мрежи, тој беше споредуван со Џон Тери, кој ја прослави титулата во дресот во 2012 година и покрај тоа што не играше во финалето. Многу фанови коментираа дека тој „ја уништил прославата и фотографијата на Челзи“.

Американскиот претседател го гледаше натпреварот со сопругата Меланија, а самиот финален натпревар се одржа на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, со бројни присутни гости, вклучувајќи ја и поубавата половина на Трамп. Овој натпревар беше еден вид увертира на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се организира во САД, Мексико и Канада.

Поврзани содржини