Кавадарчанка синоќа пријавила во полициска станица дека била удрена од автомобил „голф“ со скопски таблички по што возачот застанал и физички ја нападнал.
Случајот е пријавен во полиција околу 22:30 часот, а според кавадарчанката, инцидентот се случил на улицата Ваташа.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека се работи на расчитување на случајот.