ЈА УДИРАЛ ПАРТНЕРКАТА СО ТВРД ПРЕДМЕТ, Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ Таа го пријавила за напад, па и тој ја пријавил неа

Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје, а тој пријавил дека таа го нападнала и фрлала разни предмети кон него, при што оштетила дел од поќукнината.

407

Маж во саботата ја нападнал својата партнерка со тврд премет и ѝ се заканувал со пиштол. Таа вчера (недела) го пријавила насилството во полиција, а неколку часа подоцна и тој ја пријавил неа, исто така, за насилство.

„На 9.11.2025 година во 12:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријави дека на 8.11.2025 околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 45-годишен партнер во неговиот дом во скопско, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје. Исто така, во 15:50 часот во СВР Скопје, 45-годишниот маж пријави дека на 8.11.2025 во неговиот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна партнерка, која фрлала разни предмети кон него, а притоа оштетила дел од поќукнината“, соопшти полицијата.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во соопштението.

Поврзани содржини