ЈА УДИРАЛ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ Четиригодишно девојче претепано од таткото, Обвинителството бара притвор
Според наодите, таткото ѝ удрил неколку шлаканици по лицето, нанесувајќи ѝ набиеница на главата и огреботини на кожата од лицето. Насилството не застанало тука, таткото продолжил со вербални закани дека „ќе ја убие“.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 28-годишен скопјанец кој беше приведен од полицијата по напад на неговата четиригодишна ќерка.
Како што соопшти обвинителството, инцидентот се случил во семејниот дом во населбата Драчево. Додека мајката на девојчето приготвувала јадење, таа си играла со своите две сестри. Во моментот кога се качила на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, осомничениот започнал да ја навредува и физички нападнал.
Според наодите, тој ѝ удрил неколку шлаканици по лицето, нанесувајќи ѝ набиеница на главата и огреботини на кожата од лицето. Насилството не застанало тука, таткото продолжил со вербални закани дека „ќе ја убие“.
Јавниот обвинител оценил дека постои реална опасност осомничениот да го повтори насилството, со што би имало сериозни последици врз психофизичкиот развој и воспитувањето на децата во семејството. Дополнително, сведочењата упатуваат на тоа дека насилството не било изолиран инцидент – осомничениот подолго време покажувал агресивно однесување.
– Врз основа на сериозноста на делото и опасноста од повторување, како и потенцијалното бегство за да се избегне одговорност, поднесен е предлог за определување мерка притвор – информираат од Обвинителството.
28-годишниот скопјанец се гони за кривично дело по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
ТАТКО ЈА ТЕПАЛ МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА Приведен 28-годишен скопјанец во Драчево, сопругата го пријавила