ЈА УБИЛ СОПРУГАТА СО САМОСТРЕЛ, А СЕБЕСИ СО ПУШКА Филмско злосторство во Краљево, убиецот ја ранил и мајка си

Педесет и шестгодишен маж, пензиониран пожарникар, денеска ја убил сопругата (50), ја ранил мајка си (79), а потоа извршил самоубиство.

154

Под сè уште неразјаснети околности, во Краљево, Србија 56-годишен маж, пензиониран пожарникар, денеска ја убил сопругата (50), ја ранил мајка си (79), а потоа извршил самоубиство.

Драмата започнала во семејниот дом кога тој посегнал по својот самострел. Ја нишанил и ја убил својата сопруга (50). Жената починала на самото место.






Потоа ја нападнал својата мајка, но таа успеала да избега од куќата. Итно е пренесена во Општата болница во Краљево, каде што е под постојан медицински надзор и е во состојба на тежок психофизички шок.

Додека ранетата мајка барала помош од соседите, тој зел ловџиска пушка и испукал смртоносен истрел во себе.

Екипите за итна помош можеле само да ја потврдат смртта на двајцата сопружници.

Жителите на населбата Јарчујко се во целосен шок од настанот. За убиецот велат дека бил мирен сосед и посветен професионалец, пожарникар кој спасил стотици животи во својот работен век. Соседите велат дека нажот и жената ги сметале за хармонично семејство и дека немало никаков сомнеж дека ќе се случи такво „филмско злосторство“.

Полицијата истражува за потеклото на самострелот и дали пушката била поседувана со дозвола.

Телата на повредените сопружници ќе бидат испратени на обдукција.

Поврзани содржини