ЈА УБИЛ МАЈКА СИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ, САМ СЕ ПРИЈАВИЛ Полицијата во Богданци уапси 39-годишник
Истрагата открила дека трагедијата се случила вечерта на 11 јануари, околу 21 часот, во станот каде што живееле заедно. Расправија меѓу мајката и синот прераснала во физичка пресметка, во која осомничениот ѝ нанел неколку убодни рани во пределот на главата. Од повредите жената починала на самото место. Следното утро, П.С. самиот дошол во полиција.
Полицијата во Богданци го привела 39-годишниот П.С., осомничен дека ја усмртил својата мајка, 58-годишната М.С., соопшти Министерството за внатрешни работи. Наутро, во 07:05 часот, П.С. сам дошол во полициската канцеларија и го пријавил делото.
Истрагата открила дека трагедијата се случила вечерта на 11 јануари, околу 21 часот, во станот каде што живееле заедно. Расправија меѓу мајката и синот прераснала во физичка пресметка, во која осомничениот ѝ нанел неколку убодни рани во пределот на главата. Од повредите жената починала на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Гевгелија.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, заедно со увидна екипа од ОВР Гевгелија, извршиле увид на местото на настанот.
Обдукцијата треба да даде одговор во понатамошната истрага.