ЈА ТУРНАЛ И СО БОКСОВИ ЈА УДИРАЛ ПО ГЛАВА Ученик натепал наставничка и соученик во скопско Влае
Ова не бил прв инцидент со конкретниот ученик. Извори на Сител велат дека станува збор за проблематично дете. Станува збор за дете без родители кое живее во мал групен дом. За него се грижи државата, а потекнува од Битола.
Ученик претепал наставничка во Основното Димо Хаџи Димов во Влае. Инцидентот се случил на големиот одмор. Ученикот кој е помал од 14 години тепал соученик во холот. Наставничката по географија се обидела да го раздели, а тој ја бутнал на земја, ја удирал по глава и ѝ го искршил мобилниот телефон, пренесува Сител.
Интервенирала и полицијата и Итната медицинска помош. Наставничката е префрлена на „8 Септември“ на преглед, но бидејќи немала посериозни повреди е пуштена на домашно лекување и ќе треба да оди на контрола поради психичко нарушување.
– Со рака удирана по глава. Меѓутоа, вака некои видливи траги од тие удари не се гледаат. Само аманетички даден е таков податок. Видно жената е психичко вознемирувања, дадени се воглавно лекови за смирување од страна на психијатар – вели директорот на „8 Септември“, д-р Христијан Костов.
Ова не бил прв инцидент со конкретниот ученик. Извори на Сител велат дека станува збор за проблематично дете. Станува збор за дете без родители кое живее во мал групен дом. За него се грижи државата, а потекнува од Битола. Затоа и ингеренциите за него ги има Центарот за социјални работи од овој град. По инцидентот информирани се и МВР, но и Министерството за труд и социјална работа под чија надлежност се домовите.
Директорката на училиштето, според кажувањата на вработените, денеска не била на работа и практично оттаму не откриваат никакви детали ниту за инцидентот, ниту за проблематичното дете. Обезбедувањето ја избрка екипата на Сител од училиштето иако ги почитувавме правилата за снимање на малолетни деца и училишта.