„ЈА ТЕСТИРАВМЕ ПРВАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА“ Можеби е прерано да зборуваме за тоа, се пофали Зеленски
Украинскиот претседател ѝ честиташе на украинската одбранбена индустрија за проектот, но не откри детали за ракетата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета.
– Можеби е прерано да се зборува за тоа, но сакам тоа да го споделам со Вас – истакна Зеленски на Форумот за независност на Украина 2024 што се одржува во Киев.
Тој ѝ честиташе на украинската одбранбена индустрија за проектот, но не откри детали за ракетата.