Жена на возраст од 42 години денеска во 01 часот по полноќ во СВР Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Бутел била физички нападната.
„Според пријавеното, таа била нападната од нејзиниот сопруг Ф.Ч. и од нејзиниот свекор Ј.Ч., при што сопругот употребил и тврд предмет“, информира МВР.
Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.