ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВААТ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА УРИВАЊЕТО НА КУЌАТА НА ВЛАДО МАЛЕСКИ Темелите ги поткопал приватен инвеститор, ќе се бара чаре за санирање на објектот

Се руши куќата на Малески, додека ОЈО Струга една година не постапува по моите пријави за дивоградбата во самиот центар на струшката чаршија (и веќе се гради трет спрат). Струга е узурпирана од градежни мафијаши, алчни политиканти и заробени институции кои секој ден го убиваат културниот и антифашистичкиот дух на Струга, реагира Јована Мојсоска од Левица приложувајќи слики од разрушениот објект во Струга.

790

Јавното обвинителство во Струга и струшката полиција веќе се на терен со цел да ја утврдат одговорноста на приватниот инвеститор кој градејќи нова куќа, ги поткопал темелите на куќата на првоборецот Владо Малески, дознава Плусинфо.

Полицијата и обвинителството ќе истражат дали постојат пропусти во градежната документација по вина на општината Струга и доколку има, ќе се побара соодветна одговорност. Ќе се направи сè што е можно објектот од историско значење да биде саниран.






Директорот на националната установа Завод и музеј Охрид Горан Патчев, денеска информираше дека е направен увид, дека ќе се стопира работата на терен и ќе се направи проценка на штета, по што ќе се преземат итни неопходни мерки за спречување натамошно оштетување.

Куќата на Малески се наоѓа во старото градско јадро во Струга, во сокачето на Миладиновци. Срушен е јужниот ѕид од куќата, која е заштитена како културно наследство.

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица денеска објави фотографии од објектот. Левица реагираше на рушењето со соопштение.

„Струга денес изгуби еден од најзначајните културни објекти и симболи на антифашистичката борба, куќата на истакнатиот припадник на НОБ – големиот Владо Малески. Во овој историски објект, на 23 септември 1941 година, во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу одржа конститутивен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко.

Се руши куќата на Малески, додека ОЈО Струга една година не постапува по моите пријави за дивоградбата во самиот центар на струшката чаршија (и веќе се гради трет спрат). Струга е узурпирана од градежни мафијаши, алчни политиканти и заробени институции кои секој ден го убиваат културниот и антифашистичкиот дух на Струга.

За ваквото сквернавење на споменот на авторот на македонската химна, низа инстититуции ќе мора да дадат одговор кој и како дозволил рушење на овој објект – со имиња и презимиња за одговорност!“, вели Мојсоска во текстот на објавата.

УРНАТ ЅИД ОД ЗАШТИТЕНА СТРУШКА КУЌА При уривање на соседен објект настрада културно наследство

 

Поврзани содржини