Ја споредуваат со Дијана и Грејс Кели: Принцезата ја избричи главата и сите ги шокираше ФОТО

731

Принцезата Шарлин од Монако ги изненади сите, а некои и ги шокираше со својата нова фризура кога се појави на божиќното дружење со децата од кнежевството Монако.

За време на божиќното делење на подароци на децата, сопругата на принцот Алберт покажа прилично драматична промена на фризурата. Наместо нејзината вообичаена уредна боб фризура, 42-годишната припадничка на династијата ја избричила едната страна од главата и задниот дел од главата над вратот.






Таа сега изгледа како рок-ѕвезда, а на еден друг настан, истиот ден, својата фризура ја криела така што носела баретка.

– Носеше баретка со помош на која ја сокри фризурата, но кога се приближив, можев да видам дека едениот дел од главата е избричан – рекол извор за магазинот „Пипл“.

Шарлин, која многумина ја споредуваат со принцезата Дајана и Грејс Кели, е позната по нејзиниот елегантен стил. Со принцот Алберт (59) ги имаат близнаци, Габриел и Жак, кои се родени во 2014 година.

ФОТО: Инстаграм/Википедија

Поврзани содржини