ЈА СЛАВИМЕ МУЗИКАТА, ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ Групата „Арија“ со подарок за својата публика (ВИДЕО)
Како што велат од бендот, со овој проект сакале да испратат и порака до својата публика до сите оние кои ја сакаат музиката.
Во текот на вчерашниот ден популарната група „Арија“ преку социјалните мрежи го претстави својот најнов музички проект.
Инаку станува збор за видео-концерт во времетраење од речиси еден час, каде може да ги слушнете најголемите странски и домашни хитови.
Како што велат од бендот, со овој проект сакале да испратат и порака до својата публика до сите оние кои ја сакаат музиката.
– По повеќе од година и половина рестрикции, ограничувања, карантини решивме преку овој аудио-видео проект опфаќајќи што повеќе жанрови и музички правци сакаме да испратиме една и единствена порака – Ја славиме музиката, го славиме животот. Се надеваме ќе ви се допадне – порачуваат од групата.
Целта на нивната објава до сите медиуми во земјата е да се поддржат македонските музичари!
Инаку покрај квалитетот на аудио-снимката, момците се потрудиле буквално за сите детали. Од прекрасна локација за снимање, разновидни инструменти, стајлинг и сè што е потребно останато …
Погледнете го најновото видео групата „Арија“ и уживајте во квалитетната музика.
ИНСТРУМЕНТИ:
Тапани: Ставре Ставрев
Бас: Никола Автовски
Клавијатури: Благоја Перуновски
Гитара & Вокал: Горан Милошковски
Саксофон, Тромбон: Здравко Ангелов
Женски вокал: Јулијана Николовска
Машки Вокал: Филип Пешевски
Аудио: Blackmagic studios
Микс: Никола Автовски
Мастеринг: Љупчо Павловски
Светло: Студио Фантазија
Оператори:
• Атанас Алексов
• Шаба Вајлд Младеновски
• Мартин Алексов
Видео од: Black Magic Studios