ЈА СКРШИЛА НОГАТА И САМА СИ ОТИШЛА ВО БОЛНИЦА Мачката Давшо одвреме-навреме оди на контрола

Мачка со скршена нога била снимена од безбедносните камери како сама влегува во Oдделението за итни случаи во болница во Турција да побара помош.

456

Мачка со скршена нога сама си пронашла пат до Oдделението за итни случаи во болница во Турција, јави турската телевизија „Хабертурк“.

Мачката била снимена од безбедносните камери како влегува во болницата во градот Татван, во областа Битлис, преку влезот за итна медицинска помош. Потоа малку подзапира, па се упатува кон салата за операции. Ја забележал лекар, кој ѝ пружил помош со шиење и преврзување на ногата. Мачката, кое болничкиот персонал ја именуваше „Давшо“, продолжи да ја посетува болницата, каде што одвреме-навреме добива помош.

Поврзани содржини