ЈА СКИНА ПРЕПОНАТА, ОБЕЗБЕДИ БРОНЗА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АБУ ДАБИ Илиоски го совлада Афифи Халед!
Во првата рунда од борбата Илиоски заработи повреда (скина препона), тоа не го спречи да стигне до победата, но не му дозволи да настап во полуфиналето против Мухамед Гамал Афифи Халед од Египет. Овој негов настап беше и последен во неговата кариера откако веста ја објави на социјалните мрежи.
Македонскиот репрезентативец Бобан Илиоски обезбеди бронза на Светското сениорско првенство во кикбокс во Абу Даби, ОАЕ. Тој ја оствари првичната цел откако обезбеди најмалку бронза со победата со 2:1 во четвртфиналето против Раул Сунара од Хрватска.
Во првата рунда од борбата Илиоски заработи повреда (скина препона), тоа не го спречи да стигне до победата, но не му дозволи да настап во полуфиналето против Мухамед Гамал Афифи Халед од Египет. Овој негов настап беше и последен во неговата кариера откако веста ја објави на социјалните мрежи.
Од македонските претставници Силвио Мировски обезбеди четвртфинале со победата на Никола Струпар од Србија, а од македонските претставници преостануваат борбите на Климент Грозданоски (две борби).
Резултати:
Лоу кик
-67 кг
Петре Велков – Ајуб Лакрами (ОАЕ) 3-0 1/8 финале
Петре Велков – Алихан Оздојев (Казахстан) 0-3
– 71 кг
Силвио Мировски – Мухамед Карими (ОАЕ) 3-0 1/16 финале
Силвио Мировски – Лазар Ступар (Србија) 3-0
Силвио Мировски – Павел Кониечни (Полска)
– 81 кг
Лука Кипровски – Грегоире Агбоку (Бенин) 3-01/8 финале
Лука Кипровски – Бајрам Ерен Челеп (Турција) 0-3
– 86 кг
Бобан Илиоски – Раул Сунара (Хрватска) 2-1 ¼ финале
Бобан Илиоски – Мухамед Гамал Афифи Халед (Египет)
На СП во организација на ВАКО настапуваат 1664 кикбоксери со 1994 натпреварувачки влезови од 85 држави.