А СИТЕ ПОМИСЛИВМЕ ДЕКА ЌЕ ПРЕСПИЕ… Бујар Османи се јави да ги осуди барикадите на Косово
Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша македонскиот министер за надворешни работи на Фејсбук.
Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.
– Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со посредување, пишува во статусот на министерот Османи.