Ја силувал, па ја претепал со боксови и со клоци

487

Скопјанец на 55-годишна возраст силувал и натепал жена во станот на неговата покојна мајка. Тој се товари дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик, а Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против него.

„На 28 септември, обвинетиот со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена. Оштетената ја пресретнал околу 15 часот, кога се враќала од работа, присилно ја внел во возилото кое го управувал, па ја однел во станот на неговата почината мајка. Таму започнал физички и психички да ја малтретира жртвата, упатувајќи закани кон неа и закани за нејзината ќерка. Цело време ја удирал и ја влечел за косата, по што извршил обљуба врз неа. По присилниот сексуален однос, продолжил да ја удира жртвата со боксови и клоци, од кои оштетената се здобила со телесни повреди“, соопшти ОЈО.






Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​​

 

Поврзани содржини