ЈА СИЛУВАЛ НА 16 ГОДИНИ И ЈА ОСТАВИЛ ПРЕД ЗГРАДА Ново обвинение против раперот Пи Диди

1,064

Новата наводна жртва во тужбата поднесена во Њујорк обвинува дека 55-годишниот американски рапер Пи Диди ја силувал во 2000 година кога била 16-годишна ученичка. Во тужбата, до која дошол магазинот People, се наведува дека тужителката во тоа време живеела на Менхетен со нејзините родители и работела како дадилка. Наводно, една од поранешните девојки на Диди живеела во истата зграда.

Во една прилика, тврди жената, се сретнала со Диди и со двајца мажи кои работеле за него. Според нејзините зборови, Диди неколку пати ја прашал дали ѝ треба превоз до дома. Таа му рекла дека живее „зад аголот“, но во една прилика влегла во неговиот автомобил. Таа тврди дека била збунета кога сфатила дека не ја однеле дома како што претходно ветиле. Ѝ понудиле пијалок, по што, како што велитаа, се почувствувала „поспана“ и „нестабилна“.






После тоа, ја однеле на непозната локација каде Диди ја силувал, по што ја вратиле дома и ја оставиле во фоајето на станбената зграда.

Оваа тужба доаѓа по повеќе од триесет други обвинувања против контроверзниот рапер откако неговата поранешна партнерка Касандра Каси Вентура ја поднесе својата првична тужба во ноември 2023 година.

Пи Диди моментно е во затвор во Бруклин, каде што го чека судењето закажано за мај. Раперот кој се изјаснува како невин, се соочува со обвиненија за сексуална трговија и перење пари, меѓу бројните други обвиненија.

Поврзани содржини