ЈА ШОКИРАШЕ ПУБЛИКАТА Дамијано Давид на концерт го опцу Путин (ВИДЕО)
Тој ја изведувал песната „Gasoline“ која е посветена на поддршка за Украина, а потоа дошло до неочекуваната постапка на пејачот.
Фронтменот на италијанскиот бенд „Манескин“, Дамијано Давид ги шокираше сите на концертот кога го опцу претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Манескин“ синоќа имаа концерт во Рим, а Дамијано со својот настап ги изненадил сите присутни.
Тој ја изведувал песната „Gasoline“ (Бензин) која е посветена на поддршка за Украина, а потоа дошло до неочекуваната постапка на пејачот.
Во еден момент, во текот на нумерата Италијанецот го опцул Путин.
«Fuck Putin! Fuck war!»
Солист итальянской группы Måneskin Дамиано Давид послал Путина со сцены на концерте в Риме.
Музыканты исполнили трек Gasoline, отрывок из которого посвящен Украине. pic.twitter.com/PHnSnp4GBe
— Популярная политика (@politica_media) July 10, 2022
Постапката на Дамијано предизвикала реакции кај публиката, но и на социјалните мрежи, каде видеото на големо се споделува.
„Грозно“, „Не разбирам зошто го направи ова“, „Каков шок“, „Што му требаше ова?“, „Сега знаеме кој нема да има концерт во Русија“, „Чуден лик, подобро да пее и да се држи до својата работа“, се дел од коментарите.
Има и такви кои го поддржаа италијанскиот пејач, така што постапката на минатогодишниот победник на Евровизија предизвика овации кај дел од публиката.
ФОТО: Инстаграм/Твитер