ЈА ШЛАПНАЛ МОНА ЛИЗА СО ТОРТА Момче со перика во инвалидска количка направи скандал во Лувр (ВИДЕО)

Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа и го направив тоа. Треба да се мисли на планетата,рекол непознатиот сторител и смирено излегол од музејот.

1,759

Маж во инвалидска количка кој носел перика вчера успеал да фрли парче торта на познатата слика „Мона Лиза“ во музејот Лувр во Париз. Шлагот се размачкал по заштитното стакло со кое е обвиен познатиот портрет на жена насликан од Леонардо да Винчи. На некои од снимките, обезбедувањето го следи човекот до излезот од музејот, а тој воопшто не е потресен.

 






– Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа и го направив тоа. Треба да се мисли на планетата – рекол непознатиот сторител, пренесе Новости.

Поврзани содржини