Ајрон Мејден со нова песна и спот по цели шест години (ВИДЕО)

Дикинсон добил инспирација од библиската старозаветна книга „Даниел за празникот на вавилонскиот принц Валтазар“ и ја искористил за наратив кој е прикажан во спотот на песната.

313

По шестгодишна пауза, култната музичка група Ајрон Мејден се враќа со нов сингл „The writing on the wall“, што претставува нов материјал по последниот студиски албум во 2015 година – „The book of souls“.

Оваа песна е напишана од пејачот Брус Дикинсон и гитаристот Едријен Смит, а продукцијата е на Кевин Ширли и басистот Стив Харис, наведено е во соопштението.






Уште во октомври минатата година, Дикинсон изјави дека Мејден се враќа повторно во студио, а околностите со пандемијата се виновници за пореметувањето на плановите кои ги имале за настапите и турнеите, но за среќа, овие околности не ја згаснаа нивната желба за нова музика.

Дикинсон добил инспирација од библиската старозаветна книга „Даниел за празникот на вавилонскиот принц Валтазар“ и ја искористил за наратив кој е прикажан во спотот на песната. Овој спот може да се третира како епски краток филм.

Поврзани содржини