ЈА РАНИЛ СОПРУГАТА АКТИВИРАЈЌИ БОМБА Маж загина во Тузла, полицијата се сомнева дека постојат повеќе експлозивни направи

Имаше експлозија на првиот кат од куќата. Поради сомневање дека има повеќе експлозивни направи, специјалците и припадниците на КДЗ се на терен, изјави Спречиќ за Н1.

542

Во населбата Молуха во градот Тузла во Босна и Херцеговина утрово се случи експлозија која ги вознемири граѓаните. Според неофицијални информации, активирана е бомба. Во експлозијата наводно загинал маж, а една жена била повредена, јавува Н1.

Како што ни потврди портпаролката на МУП, Т.К. Аднана Спречиќ, дојавата ја добиле во 07:55 часот.






– Имаше експлозија на првиот кат од куќата. Поради сомневање дека има повеќе експлозивни направи, специјалците и припадниците на КДЗ се на терен – изјави Спречиќ за Н1.

Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата која ќе започне дури откако ќе се утврди дека местото на настанот е безбедно од дополнителни експлозивни направи.

– Пациентката со иницијали Е.О. е хоспитализирана на Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и реанимација на Медицинскиот центар во Тузла, со повеќе повреди на екстремитетите, а во тек е подготовка за операција – изјави портпаролката на Медицинскиот центар во Тузла, Ерсија Ашчериќ-Мујединовиќ.

Кантоналната полиција соопшти дека лекар ќе пристапи до телото на жртвата кога ќе се исполнат условите и ќе се спроведе истрага.

Поврзани содржини