Поранешната сопруга на Еминем, Ким Скот, била хоспитализирана откако и биле пронајдени исеченици на рацете и по нозете. Таа се судрила со полицијата откако тие, заедно со болничарите, одговориле на повикот дека некој се обидува да си го одземе животот во нејзиниот дом во Мичиген.
Настанот се случил пред десетина дена, а медицинските лица и полицијата ја нашле во локва крв. Таа итно била пренесена во болница каде била подложена на медицинска и психолошка проценка. Моментално се опоравува дома, иако не е познато дали има дополнителна помош.
Еминем двапати беше во брак со Ким. Прво се разведоа во 2001 година, втор пат стапија во брак во 2006 година, но тој траеше само неколку месеци.