Ја продадоа приватноста за 16 милиони фунти: Дејвид и Викторија Бекам ќе снимаат документарец

1,085

Дејвид и Викторија Бекам влегоа во голем проект со „Нетфликс“, а договорот што го потпишаа вреди дури 16 милиони фунти.

Имено, брачната двојка одлучи да сними серија во која за првпат ќе бидат прикажани нивните заеднички снимки од животот. Во странските медиуми се напоменува дека најверојатно станува збор за голема ексклузива, со оглед на тоа дека токму „Нетфликс“ ќе им прикаже Бекамови какви што досега не сме имале можност да ги видиме.






– Ова е навистина генијален потег на „Нетфликс“. Ќе се види сосема друга страна на Дејвид, онаа што јавноста многу ретко може да ја види. Неговото семејство е страсен архивист. Тие со гордост ја документираат неговата кариера како момче и сите овие години ги чуваат старите исечоци од локалните весници, училишните снимки и клупските фотографии – изјавил извор близок на фудбалерот.

Серијата најпрво ќе го претстави животот на Бекам, но и периодот кога тој ѝ се додворувал на Викторија. Поточно, режисерот ќе ја претстави раната фаза од нивната романса.

Фудбалерот и модната дизајнерикане сакаа да го коментираат за странските медиуми документарецот што јавноста веќе со нетрпение го очекува.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини