ЈА ПРИНУДУВАЛ МАЛОЛЕТНАТА ДЕВОЈКА НА ПРОСТИТУЦИЈА Приведен 19-годишник од Кавадарци

Лицето било приведено во полициска станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

365

Кавадарчанец е приведен вчера бидејќи ја присилувал на проституција својата малолетна девојка, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.К. (19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека ја присилил неговата малолетна девојка да им дава сексуални услуги на други лица. Лицето било приведено во полициска станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти Самарџиев.

Поврзани содржини