🎥 „А, ПРИНЦОТ СЕ ИЗГУБИЛ?“ Бел коњ галопира низ белградските улици
Необичната сцена снимена во близина на хиподромот во Белград, стана хит на социјалните мрежи.
Необична сцена ги затекнала возачите и минувачите кои синоќа се нашле во близина на белградскиот хиподром. Покрај патот галопира прекрасен бел коњ.
Снимката од необичната сцена на белградските улици брзо се прошири на социјалните мреѓи
Белиот коњ претрчал преку мостот Ада, а потоа се упатил кон Нов Белград. Се претпоставува дека избегал од хиподромот, но за среќа, во метежот не е повреден.
Сцената ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи, а некои дури и се пошегуваа.
„А, принцот се изгуби?“, „Го нема Гандалф, истиот коњ“, „Трча на Белградскиот маратон“, „Ќе добиеш казна, тоа е обратна насока“ – ова се само дел од коментарите под видеото.
View this post on Instagram