ЈА ПРИФАТИВ УЛОГАТА СЛУГА НА НАРОДОТ, ВЕЛИ МЕЏИТИ Кандидатот на Вреди одржа емотивен говор во Чаир
Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум до крај да работиме и да се жртвуваме за да ја претвориме визијата на оние што нè проектираа како гето, во Чаир од нашите соништа – урбана и развиена општина во нашиот град, изјави кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на општина Чаи во емотивен говор.
Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир одржа силен и емотивен говор, при што им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања.
Во продолжение го пренесуваме говорот на кандидатот за градоналник на коалицијата Вреди во Чаир, Изет Меџити:
„Почитувани чаирчани, драги мајки, татковци, браќа и сестри, Вечерва сум пред вас, не за да одржам политички говор, ниту за да се
занимавам со опонентите, ниту со напади кон нашите противници.
Вечерва не сум тука ниту да зборувам за нашите проекти во Чаир, затоа што, каде и да се движите низ Чаир, зборува нашата работа, зборуваат
машините кои работат во нашиот Чаир. Затоа, сè што би рекол за тоа што правиме за нашиот Чаир би било помалку од она што реално се случува како промена денес во Чаир.
Нема да зборувам ниту за десетиците милиони евра инвестиции што ги донесовме во Чаир, ниту за новите училишта и градинки, ниту за новиот плоштад во Чаршијата, ниту за новиот универзитетски кампус.
Вечерва сум овде само за да ви кажам – ви благодарам! Ви благодарам од срце за целата љубов што ми ја подаривте во оваа кампања!
Ви благодарам од срце за довербата што ми ја дадовте во оваа кампања!
Ви благодарам од срце за насмевките што ми ги дадовте во оваа кампања!
Повеќе од победата што доаѓа, доволни ми се вашата љубов, вашата доверба и вашата насмевка!
Драги граѓани на Чаир, вечерва на завршницата на оваа кампања, сум овде за да ви кажам дека оваа битка ги надмина димензиите на една обична локална изборна трка. Нашите политички противници сакаа да нè предизвикаат во Чаир, да нè поразат во Чаир, мислејќи дека ќе се повлечеме. Иако имавме многу момци и девојки кои ќе ја водеа оваа битка со успех, како и секогаш, јас ја прифатив оваа одговорност и побарав разбирање од пријателите во ВЛЕН за да се кандидирам лично.
Сакав честа на Чаир да ја преземам врз себе и да им покажеме на сите дека Чаир не е трамполина за спас на политичките кариери на истрошените политичари од Зајас. Чаир не е ниту средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа во Чаир ќе се вратат во владата!
На 19 октомври, некои од нив ќе ги испратиме во политичка пензија, а некои во историјата. Затоа, драги мои чаирчани, нашата победа во Чаир има врска со честа на Чаир. Затоа што јас не сум во трка со Бујар Османи, туку со Али Ахмети од Зајас!
Втората работа што сакам да ви ја кажам е дека се вратив да се кандидирам во Чаир за да ја претворам нивната замисла за Чаир како запоставена гето општина, во Чаир од нашите соништа. Во изминатите 15 месеци во извршната власт, владата ВЛЕН насочи кон Чаир десетици проекти и околу 100 милиони евра инвестиции, со што Чаир од периферија го претвораме во центар на градот.
Иако јас ја водам оваа трка, оваа победа најмалку ми припаѓа мене. Сакам да им се заблагодарам на сите што со својата работа и посветеност во изминатите три недели кампања и три месеци активност дадоа многу за оваа победа!
Тука се шефовите на локалните изборни штабови, предводени од шефот на општинскиот штаб на ВЛЕН во Чаир, кои се вистинските победници на оваа изборна трка. Ви благодарам од срце на сите!
Тука е и Форумот на жените, кој спроведе извонредна кампања за промоција на нашата работа. Многу од нив ги оставија своите семејства за оваа кауза. Ви благодарам од срце и ви се поклонувам до земја!
Присутен е и Младинскиот форум на ВЛЕН, инспираторите на енергијата и ентузијазмот во Чаир. Тие се најдобрите момци и девојки што ги има Чаир и токму за нив вредеше да се води оваа битка!
Во истиот дух, особено им се заблагодарувам на носителите на советничките листи за Чаир и за Град Скопје и двајцата од Чаир. Ви посакувам успех во недела!
Благодарност заслужува и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, кој беше дел од оваа кампања и кој нè направи горди што сме заедно. Ти благодарам!
Посебна благодарност и за пратеникот Беким Сали, кој беше секогаш на мојата десна страна во оваа кампања. Благодарам, Беко.
Драги граѓани на Чаир, во текот на оваа кампања, ја почувствував емоцијата на поддршката и љубовта како никогаш порано. Никогаш нема да го заборавам емотивниот момент со еден постар човек во Саат-кула, кој, со солзи во очите и стегајќи ми ја раката, ми рече: „Благодарение на тебе ја спасив мојата фамилија, кога ми помогна да ја добијам дозволата за куќата.“ Се разбира, секој би се чувствувал добро во таков момент, и не можам да го негирам тоа, но мојот одговор до него беше: “Ние само го направивме она што е наша обврска кон граѓаните, ништо повеќе. Нема потреба од благодарност.“ Затоа што, вашата доверба е аманет за нас.
Со вакви примери на благодарност се сретнав насекаде низ нашиот Чаир. Иако е невозможно да ги спомнам сите домови, бескрајно сум благодарен што ни ги отворивте срцата и вратите од вашите куќи, што не исполнуваа не само со емоции и инспирација, туку и со уверување дека навистина вреди да се води оваа битка.
Затоа што вашата доверба е за нас аманет. Такви примери на благодарност најдов насекаде низ Чаир. Ви благодарам што ни ги отворивте срцата и вратите на вашите домови, што нè исполнувате со емоција, инспирација и верба дека оваа битка вреди да се води.
Посебна благодарност упатувам и до просветните работници, спортистите, уметниците, трговците од Битпазар, еснафот на Чаршијата, пензионерите и лицата со посебни потреби. Ви благодарам и ви искажувам голема почит.
Почитувани присутни, пред да завршам, сакам да кажам уште нешто.
“Битката во Чаир не е само борба за тоа кој ќе ја управува оваа општина во следните четири години. Оваа битка ќе ја одреди и политичката иднина на Албанците: дали ќе се вратат оние што владееја со ароганција и завршија на црните листи или ќе продолжиме ние да владееме со елеганција и да бидеме на светлите страници на нашата историја?
Во Чаир се води битка за сите наши населени места, од Липково до Струга. Затоа оваа кампања ја водев внимателно, со идеи и програма, а не со навреди и омаловажувања.
Драги граѓани на Чаир, нас и победата нè делат само уште два дена. Искористете ги овие два дена за да разговарате со вашите семејства, пријатели и соседи и да им ја пренесете пораката дека оваа битка е за иднината на нашите деца, младите, родителите и повозрасните.
Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум до крај да работиме и да се жртвуваме за да ја претвориме визијата на оние што нè проектираа како гето, во Чаир од нашите соништа – урбана и развиена општина во нашиот град.
На 19 октомври, сите заедно да гласаме за број 7, бројот на сигурната победа и на иднината без алтернатива.“
Тој го заврши говорот со порака: “Во недела вечер да се сретнеме сите на плоштадот ‘Скендербег’ за да го прославиме новото поглавје за Чаир и новата политичка историја за Албанците во нашата земја.“
Ви благодарам и се гледаме во недела!“, изјави Меџити.