ЈА ПРЕЖИВЕАJА НЕСРЕЌАТА И ВЕДНАШ САМОСЛИК! „Кога животот ти дава втора шанса“
Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљоси, ја сподели сликата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса", а објавата набргу стана интернет-хит, како и луѓето на кои очигледно им е мило што се меѓу преживеаните.
Откако противпожарно возило удри во авион во Перу, токму при полетувањето, двојка патници реши веднаш да направи самослик, славејќи си го животот…
Sure I would be taking a selfie if I survived a plane crash 😂 #peru pic.twitter.com/fjDpNuP15k
— been here before bad TEMPER toon daft (@benshambabe) November 19, 2022
Несреќата се случила во петокот на Меѓународниот аеродром „Хорхе Чавез” во Лима, главниот град на Перу. Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на самото место загинале двајца пожарникари.
Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљоси, ја сподели сликата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса”, а објавата набргу стана интернет-хит, како и луѓето на кои очигледно им е мило што се меѓу преживеаните.
Патниците и членовите на авионскиот екипаж не се повредени.