ЈА ПРЕМИНАЛ ЛЕНТАТА И ЗАВРШИЛ ПРАВО ВО ЦИСТЕРНА Стравична несреќа кај Златибор, едно девојче е мртво, другото се бори за живот

Несреќата се случила околу 8 часот. Шевролетот со белградски регистарски таблички го управувал Д.Г.(65) додека цистерната била управувана од Б.С.(42). Предниот дел од автомобилот бил смачкан. Интервенирале пожарникари.

2,728

Стравичен судар на автомобил „шевролет матиз“ со цистерна на мостот на реката Џетиња на патот Ужице-Златибор го постресе регионот. Возачот и совозачот на автомобилот загинаа, а две девојчиња се однесени во болница, од кои едното(9) кое беше тешко повредена веќе им подлегнало на повредите, дознава српски Блиц.

Животот на другото девојче, нејзината сестра(11) е во опасност.






Несреќата се случила околу 8 часот. Шевролетот со белградски регистарски таблички го управувал Д.Г.(65), дедо на девојчињата, додека цистерната била управувана од Б.С.(42). Предниот дел од автомобилот бил смачкан. Интервенирале пожарникари.

Како што неофицијално дознава Блиц, возачот на автомобилот се движел кон Пожега и од засега неутврдени причини преминал на спротивната сообраќајна лента каде директно се судрил со цистерната.

– Возачот на автомобилот и сопатничката од Белград загинаа на лице место – вели изворот на Блиц.

Поврзани содржини