А практично да ни покаже холандскиот амбасадор како се голта од тоа смрдежот?
Се осудуваат до толку да нѐ принудуваат и понижат, што ни препорачуваат – да зинете, да го затнете носот и да го голтнете смрдежот... А тој смрдеш е бугарското барање да влезат во нашиот Устав. Но, бидејќи сме глупави и кажаното не го сфаќаме, најдобро е лично холандскиот амбасадор, практично да ни прикаже како изгледа тоа, што нам ни го предлага. Па да зине и со затнат нос и да голтне малку смрдеж.
Ако се вака неподносливо, уличарски насртливи надвор од Уставот, какви газди ќе ни станат Бугарите ко ќе ги внесеме, во редот до нас, како конститутивен народ (не сакаат како малцинство), а тие нас не нѐ признаваат – не постоиме како Македонци и тоа во нашата земја, ниту македонското малцинство во нивната држава?
Да не зборуваме за реципроцитет, како акт на чиста политичка пристојност. Оној кој те признава, согласно твојата идентитетска определба и те внел како таков во неговиот Устав, да го внесеш и ти во својот. Чисто како меѓусебно почитување , како знак за добро-државни односи.
Тоа за Бугарите не важи. Тие диктаторски нѐ условуваат со непречење на нашиот влез во ЕУ, само ако ги удоволиме нивните агресорски геноцидни соништа, после што, како „един народ“ – бугарски, со македонската земја проширена Санстефанија, ќе се осуниме како некои други, во некоја Европа…
Притиснати со тежок вербален и физички игнорантски манифестиран политички примитивизам од страна на официјална Софија, треба да сме свесни дека нивното додадено и од внатре делување, можеби и од парламентот, за што од петни жили настојуваат, ќе им ги ојача негаторските позиции, позасилено да нѐ тероризираат и матираат со уште позачестени и појаки бодежи, до наше целосно истиснување.
Власта остана глува во заштитата на домашните Македонци. И додека со недозволени отстапки го поддржува бугарското малубројно малцинство во Македонија, отворено го игнорира – се откажа од македонското малцинство надвор од границите. Усогласени се со странските платени чиновници, кои, единствено заинтересирани за сопствената кариера, кој како дојде и намине, како камшикари, без почит првенствено кон самите себе, ни ја препрочитуваат истата порака – неопходноста од внесување на Бугарите во нашиот Устав!
Се оди до таму што нас, Македонците, простачки грозоморно нѐ третираат како отпадници од човечкиот род. Се осудуваат до толку да нѐ принудуваат и понижат, што ни препорачуваат – да зинете, да го затнете носот и да го голтнете смрдежот… А тој смрдеш е бугарското барање да влезат во нашиот Устав.
Треба коментар!?
Но, бидејќи сме глупави и кажаното не го сфаќаме, најдобро е лично холандскиот амбасадор, практично да ни прикаже како изгледа тоа, што нам ни го предлага. Па да зине и со затнат нос и да голтне малку смрдеж.
Ете така… Поинаку човек не би можел да му се заблагодари и врати за искажаната гадост.
Не бива тоа – резилакот во кој што тонеме, луѓе!
Македонија со непримерна толерантност искажана со молк и незаинтересираност и сервилност кон туѓите ставови прифатени со политички отстапки, рамнодушни што една отстапка повлекува друга, е предадена од сопствените јаничари од власта. Свесно, слободната волја на нас народот изразена преку флуидот на себепочитта, ни ја снема.
Ни ја одзедоа како непотребна, а таа е суштината на нашата опстојба. Духовното битие исчезна од нас. Станавме проста алатка за манипулирање, меткана од рака на рака. Како со боксерска ракавица, со политички потписи ни го сменија нашиот личен опис во опстојните факти за нашата бит и националните корени.
Раздорот меѓу народот ни го наметнаа како највисок домен и замена за функционалните вредности. Тоа што никој не можеше да ни го направи, со самопредавство, изродите Македонци, спротивно на народната волја, ни го направија.
Останавме како ограбени сираци. Нема водач кој ќе излезе пред народот и ќе покаже цврст став – крај на уцените од било која страна и доста за неконтролираните отстапки, со кои не е можно да се оди напред.
Запретани во куп егзистенционални проблеми од кои замираме, се препуштивме да ни ги решаваат тие што ни ги создадоа. Тие само ни бајат и нѐ крадат, а ние како останати без чаре, сме застанале подзинати и загледани во нив…како нѐ возат по нивниот европски беспат, бандата јаничари водена од качаците – истизајлиите Албанци, кои чекаат ачик да им ја отвориме портата, па пред Бугарите да си заземат пусија и правно да ја официјализираат разградбата на Македонија. Затоа тие со закани завиваат што побргу да се отвори Уставот. А каков пазар имаат со Бугарите…. за тоа, потоа.
Важно, политиката на Владата и судбината на Македонија е во рацете на големоалбанските екстремисти, оформена криминална пљачкашка банда која не крие дека со готов план од поодамна делуваат, водени од идеологот Рама, кој го штелува триаголникот – Албанија, Косово, Македонија, како центар на сонуваната Г. Албанија. Што е најтрагично, македонскиот народ е само нем набљудувач на сопствената трагедија, која се реализира во продолжение со директно учество на одродените Македонци, стационирани предавници во власта.
Тотална немоќ и молк, напати и сервилност, нѐ следи во секојдневието и тоа од сѐ уште постојните институции кои се формирани како презентери на официјалната државна политика, а по потреба и како коректор. Со змија во пазуви – и тоа двоглава анаконда – потиснувајќи ја сѐ повеќе и повеќе свеста за фактите кои ни се достапни, надополнувајќи ја со прифаќање на натурени фикции, станавме корисен предмет во повеќе раце и како таков, злоупотребувани и жртвувани.
Отстапувајќи пред туѓите обрасци, и нив ги примаме како нормално и свое однесување на кое се потчинуваме, занемарувајќи дека нашите вредносни судови треба да ни ги одредат нашите постапки, од чија издржаност зависи нашата сеопшта егзистенција и исполнетост во животот.
Без да размислуваме за последиците, го прифаќаме и се препуштаме на случајното, од што, сомнежот во нашата автономност којшто самите го потхрануваме, станува адут во туѓите раце и стремежи. А досегашното искуство не нѐ научи дека не смее да се препуштаат нашите најдлабоки интереси, како луѓе и како Македонци, на играта на случајот, и на случајните политичари оперирани од фундаментот – одговорност и разум. Затоа, од себе страдаме во исто време кога сѐ повеќе ја губиме вербата и надежта за себе.
Земено во целина, историјата на живеењето покажува одговорност спрема животот и идеалите, само на оние поединци и нации кои се водени од себеосознаени водачи. Тоа ние не сме. Затоа под ова поднебје коровот ни го надрасна животот и едноставно го занеме, заменувајќи го со владеење на заканата и на силата. Потчини се на законот кој ти го давам, вели моќниот, како законодавец од домашни но и од светски размери, тврдејќи ни дека нема човечки дух кој како и големите замисли, не се уништува од самите себе.
Едноставно, самоукинувањето – ни тврдат благо наметнато – не е замена за зборот самоуништување. Демек, повеќе личи и правно звучи кога ќе се рече „така сака законот на животот, па така мораме да сториме“, како насока на неминовното самонадвладување.
Да, така психолошки се дејствува врз нас, за да како единка во себе ја создадеме самоизмамата како одбрана од нанесената навреда – дека друг ни наредил, наложил да се откажеме од себе, од своето, во име на некого, божемски во име на некоја правдина отелотворена низ некој конкретен закон, еднаков за сите.
Заклучокот би бил: денеска, како луѓе, во нашата земја не страдаме само од немаштија. Паралелно страдаме и од состојбата на извртена вистина, која нѐ доведе, со манипулирање, до непреземање или отфрлање да се решаваат навреме и соодветно работите, меѓу запците на цинизмот, кој како аждаја нѐ гмечи во челуста, но нѐ остава фактички да бидеме живи, а да водиме празен и недоличен на човека живот.
Можеби не е далеку времето кога Македонците лека – полека ќе сфатиме и ќе се огласиме дека вистинската смисла на зборот живот, не е да се трпат принуди и бескрајни спротивни на себе отстапки, туку напротив – да се пристапи кон се она што го сметаме за сопствена цел и самореализација, а тоа е вербата во себе и во вистината која е наша, а не натурена.