📷 ЈА ПОВРЗУВААТ СО БРЕД ПИТ Анџелина Џоли во прекрасен фустан, ја покажа новата тетоважа меѓу градите
На црвениот тепих ѝ се придружи и нејзината ќерка, која беше облечена во склад на стајлингот на својата мајка.
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) ја освои една од најпрестижните награди во кариерата на синоќешното доделување на наградите Тони во Њујорк, како продуцент на претставата „Аутсајдеерите: Нов мјузикл“ (The Outsiders: A New Musical).
Таа за оваа специјална вечер се појави во зелена кадифена кринолина со корсет и широко лелеаво здолниште, а прекрасната креација е дело на „Версаче“. Тоалетата ја комбинирала со шал во истата боја и ткаенина.
View this post on Instagram
Анџелина синоќа ја покажа и новата тетоважа меѓу градите, во форма на мала птица во лет, која ја симболизира слободата.
Многумина ја поврзуваат нејзината тетоважа со нејзиниот бурен развод со Бред Пит.
View this post on Instagram
Таа на доделувањето се појави со ќерката Вивиен (15), која всушност ја мотивирала да ја прифати продукциската работа во оваа претстава. Вивиен носеше зелени панталони и елек со бела кошула.
View this post on Instagram