ЈА ПОСТИГНАВ ЦЕЛТА, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПИСМОТО ДО ПУТИН Украинскиот лидер не ја дообјасни својата изјава

Украинскиот претседател не откри што точно добил по обраќањето до Владимир Путин, но порача дека ја постигнал целта што ја поставил. Изјавата доаѓа во момент кога Киев бара повеќе противвоздушна заштита и поширока поддршка од сојузниците.

57

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја постигнал целта поради која му испратил порака на рускиот претседател Владимир Путин. Тој не откри што точно мисли под тоа.

Говорејќи на прес-конференција во Талин, Зеленски рече дека во последниот месец испратил повеќе писма до различни адреси. Меѓу нив биле Европската Унија, Белата куќа, Конгресот на САД и Кремљ.






– Во последниот месец испратив повеќе писма со различни цели, до Европската Унија, САД, Белата куќа, Конгресот, па и до Путин. Имав цел кога му го испратив писмото на Путин и мислам дека го постигнав резултатот што ми беше потребен – изјави Зеленски.

„Не можам да кажам сè“

Украинскиот лидер одби да објасни што точно се случило по испраќањето на пораката. Сепак, посочи дека Украина има сериозна потреба од противбалистички ракети. Според него, бил постигнат напредок и на тоа поле.

– Не можам да ги споделам сите детали – рече Зеленски.

Неговата изјава веднаш предизвика шпекулации во украинските и во западните медиуми. Засега нема официјално објаснување на што точно мислел кога зборувал за постигнатиот резултат.

Поддршка за Киев, пораки до Москва

Изјавата беше дадена на самитот на нордиските и балтичките држави во Талин. Таму лидерите на осум држави повторно ја поддржаа евроатлантската интеграција на Украина.

Во заедничката декларација тие порачаа дека го поддржуваат, како што наведоа, неповратниот курс на Украина кон НАТО и кон Европската Унија. Истовремено повикаа на забрзување на пристапниот процес.

Зеленски на самитот зборуваше и за одбраната. Тој порача дека Украина е подготвена да ги сподели своите технологии за дронови со скандинавските и балтичките партнери. Според него, искуството стекнато на фронтот може да помогне во заштитата на воздушниот простор на европските држави.

Поврзани содржини