ЈА ПОСКАПЕА СТРУЈАТА ЗА ДА ГО ПОКРИЈАТ КРИМИНАЛОТ Пресметките на ВМРО-ДПМНЕ се дека граѓаните ќе плаќаат и 138 отсто поскапа струја
Најпогодени ќе бидат домаќинствата кои се греат со грејни тела на струја. 7 месеци во ек на грејна сезона, ако со лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на нивните домови, велат од партијата.
СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголемиот број од народот ќе плаќа 18% и 138% поскапа струја, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
-Тие што до вчера плаќале 4.000 денари ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари ќе плаќаат над 13.000 денари.Најпогодени ќе бидат домаќинствата кои се греат со грејни тела на струја. 7 месеци во ек на грејна сезона, ако со лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на нивните домови – велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ.
– Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја, затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство заради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните. СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните – велат од опозициската партија.