ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА ЗА АПАРАТОТ КОЈ ОДРЖУВА ВО ЖИВОТ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ Кејт Винслет донираше 17.000 фунти

Дванаесетгодишното девојче Фрија е приклучено на апарат за кислород поради хронични проблеми со дишењето.

568

Актерката Кејт Винслет донираше 17.000 фунти на самохрана мајка која плаќа високи сметки за струја за да ја одржи во живот својата ќерка, која боледува од церебрална парализа.

Дванаесетгодишното девојче Фрија е приклучено на апарат за кислород поради хронични проблеми со дишењето.






Мајката Каролин Хантер била воодушевена кога слушнала дека ѕвездата од „Титаник“ разбрала за нивната мака преку емисија на Би-Би-Си.

– Кога слушнав за парите, само се расплакав. Мислев дека не е реално – изјавила мајката.

Мајката и ќерката живеат во куќа чие загревање моментално ги чини 6.500 фунти годишно, иако Хантер вели дека го исклучила греењето во повеќето соби за да заштеди пари. Таа била предупредена од градскиот совет дека сметката може да ѝ биде огромна следната година.

Поврзани содржини