ЈА ПЕЕЛ ЛИ НЕКОЈ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА КАКО ОВИЕ ДЕВОЈКИ Ракометарките до 17 години го освоија шампионатот во Литванија ВИДЕО
По натпреварот, на церемонијата во Клаипеда, нашите девојки го примија трофејот и како во едно грло ја испеаја македонската химна „Денес над Македонија“
Женската ракометна репрезентација до 17 години оствари голем успех за македонскиот ракомет со победа над Исланд во финалниот натпревар (27-26) го освои ЕХФ Шампионатот во Литванија и воедно обезбеди место на Европското првенство за кадетки.
По натпреварот, на церемонијата во Клаипеда, нашите девојки го примија трофејот и моќно ја испеаја македонската химна „Денес над Македонија“, нешто во стил како што италијанските фудбалери ја пееја за време на Европското првенство (ЕП).