ЈА ОПРАВДАВМЕ ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ Стефковски се пофали со сработеното, но вели дека има уште работа

Пред нас има уште многу работа. Има неасфалтирани улици, населени места без фекална канализација, нема доволно места во детските градинки и ред други проблеми. Работам посветено по план и програма, рече Стефковски.

114

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека денеска, на 25 октомври навршува една година од неговото доаѓање на позицијата градоначалник на Општината.

„Изградена нова фекална канализациона мрежа во должина од 9.170 метри, асфалтирани 12.700 метри квадратни локални улици, подигнати нови зелени паркови на површина од 9000 метри квадратни, изградени 9 спортски игралишта на најсовремена тартан подлога и 2 спортски игралишта на подлога со вештачка трева“.






Ова се само дел од проектите кои градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски се пофали дека биле реализирани во првата година од неговиот градоначалнички мандат.

– Меѓу позначајните проекти кои биле реализирани во текот на оваа година, градоначалникот ги посочи и расчистувањето на 70 диви депонии од јавните површини, потоа, изградбата на 6 нови детски забавни катчиња како и садењето на над 5.000 нови садници – пишува Стефковски.

Тој истакна дека на граѓаните ќе им понуди и пишан отчест за сработеното кој ќе содржи 80 страници и ќе го презентира пред граѓаните на Општина Гази Баба.

– Пред нас има уште многу работа. Има неасфалтирани улици, населени места без фекална канализација, нема доволно места во детските градинки и ред други проблеми. Работам посветено по план и програма. Напишаниот отчет на 80 страници е мојата гаранција пред граѓаните дека секое дадено ветување ќе биде реализирано! – заклучи Стефковски.

Поврзани содржини