Радев, ка шо чув на вести, га нарече Гоцета Делчев „…апостол на слободата на македонските Бугари, …а, добрососедските односи меѓу Бугарија и Р.С. Македонија ќе бидат стабилни и неповратни кога историската вистина ќе нѐ обедини…“.
Боже! – си реков сама у себе. – Дур Бугаринов се занесуе со своете л’жге за „историската вистина“, и за „Македонобугарите“, овја, нашиов… непунолетниов, се закануе некому ?, ил’ нас утешително нѐ смируе? : – „… ќе му кажам(ел) на Петков дека во Благоевград ќе отвориме Македонски културен центар…“ и тоа „до крајот на годината“!? Зар ќе ти даат Бугарете, ка ти шо им дае…? Па тебе, биро, до крај на годинава ќе те снема… и л’жгата со све тебе.
Да те прашам: – Меѓу вашете две л’жге – ќе га остаеш Ванчота да дивее среде Битоља? Од мене – да га остаеш…! Не е ни првата, ни последната грделија шо га заќитуе нашава Македонија, и тоа благодарение на вас неосознаенете и неосвестенете наши принудни управуачи, кои се надеате д’ка, само – натоарене со туѓ измет, ка бумбарот лепешкар, ќе стигнете до европското квачило.
Погорното га напишав на тетовски дијалект, и подоле исто продужуем, за да им покажем на свитина, на кои не им е јасно, посебно на Радета, да у Тетоо и покрај млогу сиуната пропаганда и наметнатата хегемонистичка превара од страна на Бугарете, немало „македонски Бугари“, сем некои за паре препраени… ка шо има и сегај… и никоаш у Тетоо не се зборело бугарски, туку – само народен македонски језик – тетовски.
У продужение, да прочитете (и Радев) ед’н домаќински муабет на тетовско семејство (1910 год.), па сами уверете се и проценете, коа била „историската вистина“ за „македонските Бугари“:
„На вратата дома ги пречека Марија, која божем налутена, им замери:
– Шо се сторивте? Остинав чекајќи ве. Со стокмени празни филџани пред мене, се изназборев… – држејќи го ѓезвето во рака им подвикна Марија.
– Не нѐ карај мајко шо се подзабрајфмо муабетејќи покрај киселата вода, на Бањиче… Тури га кафето да се вари и дојди овде на нашиов најубав чардак, свитина заедно да си пиемо и да си помуабетимо, ка шо ни личи, благодарни на бога шо дочекавмо и ваков д’н, – рече Андро, сиот озарен од среќа, која блескаше од неговото лице – додавајќи:
– Мила моа мајко, најмила моа… личотио! Донеси и од слаткото од нашете вишње, да проба Благуња.
– Е, кажи ми сеа… бидејќим започна, а не докажа, – кој га убиу, заш га убиле и когај… тој… бугарскиот поп…? – одново препраша Благуња, тргајќи го Андро за рака, побргу да седне до неа, на столот.
– Еее… доста со тој поп… бог душа му простиу! Ја ти кажав тоа шо знаев… Не бев овде ка га утепаја! Зачекај, да дое мајка и сркајќим га кафето, свитина заедно да муабетимо. Таќе посладок ќе ни биде муабетот, а и кафето.
– Ако зборите за поп Мисота, кој беше Иконом егзархиски, шо е погребан у црквана Св. Кирил и Методиј, на Два Бреста, позади у дворот… лево, ка ќе влагаш од доуната порта… а за њега зборите, бидејќим не знам у тоа време – 1903 година, некој друг поп да е утепан поради политика… – зборувајќи пристигна Марија со табаката и откако ги послужи синот и снаата, седна и продолжи:
Прво ќе ви кажем д’ка тој не беше Бугарин, туку наш тетоец, исто ка брат му Момир кој се кажуеше Србин, а не биу. Двајцата беа препраени Македонци, за срама… за паре, исто ка шо за српски архимандрид Сава, беше постаен поп Симо Куша… и тој тетоец; па… и Архиепископот Јеротија Настов – Дешин, владика Српски… негоиот брат Коце, егзархиски учитеу… и, да не ги редим натамо браќата Исаеви – Карини; браќата Тимосиини – Бабини; Џордеви… и ред други кои и д’н д’нска шетат по чаршијана… ка препраени и нака’рдени.
– А, каквај са тие „препраени“ тетовци, мајко? Шо туриле на себе, та се нака’рдиље? – со љубопитност на дете извика Благуња.
– Такваи… продадене душе за паре и за власт…! Нема погадно од тоа! – Се откажуат од своето, од таткоото и дедоото… и стануеле… ка да речем – без себе… со избербатен образ. Мие меѓу себе ги викамо – „гомно измиено“…. – Тоа па е гомно, ама… ни муете веќе не га лазат – се обезличило! – сосема сериозна и без трунка завиеност во изборот на зборовите, си го кажа Марија, тоа што го мислеше.
– Е, ова не бев чуу!- извика Андро и чукнувајќи со раката на масата стана од столицата, а Благуња од смеење се подзагрцна од црешовото слатко.
– Жими црквана, ако ве л’жем…! – сцрвенета во образите и светната во очите, извика Марија и продолжи:
– Браќа од иста куќа, ка семејствоно Мартиновци кои и сеа са туе… – Симо егзархист, другиот… Мио, Србин… а треќиот Александро, Влав – организатор на влашко пропагандистичко школо у Тетоо, со ученици од намерно доселене Цинцари – Власи од Струшко и Крушевско! Со лева рука да се крстиш, да се чудиш и да немоеш да се изначудиш… Нестигнавмо македонско школо да имамо, ама влашко… пред тоа бугарско, па српско… ни препса. Све со паре… со поткуп!
Меѓу љуѓено уше се прикажуе за нашион горномаалец шо живи под црквана наша – Св. Богоројца… – се присети Марија. – Тој со године печаубарел у Букурешт и работеу ка тргоец. Влашкиот језик га знаел ка македонскиот, па по тоа не се разликуел од самете Власи – Румунци.
Ка се вратиу за стауно у Тетоо, га викнау претседателот на румунската црковно училишна пропаганда, и му предложиу да га „препрае“ и таков да га запопат за влашки поп, со месечна плата од преку десет лире.
Ка слушнау тоа, Илија – таќе му е името, се поместиу од местото к’ј шо седеу, и тргнау да си оди, велејќи:
– Ка Македонец не ми прилега срамот да прејдем у друга националнос… посебно за паре… па, ка ќе проаѓам по моето маало препраен у влашки поп, да ми се смеат дури и малаите македончињата…
Тркајќи се меѓу себе, – засилена продолжи Марија, – пропагандистете отвараја и српске и бугарске и цинцарске школие… Свите тие и цркве отвораја. Дури и Грцете… тепајќи се меѓу себе – кој прв ќе зафати место за да гради, и кој побргу ќе врбуе народ… Само македонско име тлееше! Шодека свитина га зборевмо нашиот народен македонски, и надвор и по дома… Исто ка сеа! Чуек не знае дал од срам да плаче, ил да се смее…
– А, ти, шо школо учеше, мајко? – праша Андро, надевајќи се дека ќе ја избегне нејзината срџба, која сѐ позасилена избиваше од неа.
– Ја учев, кољку шо учев… ама одамна, пред седумдесетите године од прошлиот век… со учители кои минале низ манастирске ќелијне школе. Зборевмо македонски, ка дома, а писмо пишуевмо славјанско, по старословенската азбука. Учевмо старославјански кој е најсроден со нашиот македонски језик, од црковнославјанске книге – часослов, или ка шо ги викавмо – науснице – сосема смирено одговори Марија, додавајќи: – По појке места у Македонија, тогаја, и од порано имаше такваи световне македонске народне школие.
– Е, заш га утепале попот, мајко? Кој га утепау…. шо сториу и, когај било тоа? – одново праша нетрпеливата Благуња.
– Продау црковно место на српската црковна управа, за кое нешо им издау и тапија, без да му биде одобрено од тие шо требало… – рече Марија и смирено, побрза да докаже:
Месната организација на ВМРО, поради тоа га осудија поп Мисота на смрт, и га утепаја 1903 година, пред негоата влезна врата. Ка млогумина, и ја га видов спружен на уличето… Се збореше д’ка добровоуно се јавиле да га извршат пресудата некој Софре од Радиовце и Коле симитчија, од Кичевско. Биле веднаш фатени од Турцете и не знам шо им напрајле.
– Е, таќе е тоа… мајка најубоо ги знае случуењата… – го продолжи муабетот Андро: – Туѓинскете проаганде и тогаја исто ка сеа, се тркаат и водат двобој у Тетоо, за да внушат у глаете на македонското население идее кое са поуни со л’жге, а со самото тоа и противне на нашете македонско – народне идеале, со цеу – да га разбијат нашето национално единство, за да не бидемо више тоа шо смо… Ама, сегај смо 1910 година и народот после Илинденското востание, некако… национално е појќе самосвесан.
– Е, шо да бидемо, ако не тоа шо смо…? – со чудење праша Благуња.
– Срам и божја казна, коа ќе нѐ стигне, когај – тогај! – видно налутена извика Марија и стана од столицата, наводно, да го провери јадењето кое крчкаше на огништето во дворот.
– Таќе е тоа… Свитина водат борба за опстанак, понајчесто непоштедна и непоштена – да те рушим тебе, за да се воскренем себе! – воздивнувајќи прошепоте Андро. – Читав ја у наш иселенички весник дур у Америка за хегемонистичката црковно – училишна борба меѓу Егзархијата и српската пропаганда околу доделуење на црквете и училишнете простори, кое борбе завршуеле со физичко пресметуење. Знаем д’ка првата црковно – школска егзархиска пропагандистичка општина у Тетоо, за паре, ја образуал рукоположениот свештеник од Егзархијата, наш тетоец, по име Серо Архиемандридов.
Мислим… околу 1876 година, по Руско-турската војна – продолжи Андро како да чита од некој весник, – откако турската власт и официјално, по барање на Русете им одобрила на Бугарете да отвараат свое школе к’ј нас, а нешо покасно и Србете се здобиле со таквоо право, се засилила трката, – сваки од нив, на свако поголемо место у Тетоо и Полошко, да отварат свое школе. Тоа посебно стана сасвим отворена меѓусебна борба по Берлинскиот догоор од 1878 година, когај у Тетоо официјално се појави и српската црквено –училишна пропаганда, со иста цеу, како и Егзархијата…
Пропагандете од околнете државе како знаеја и како можеа, ка чопор здавени кучиња га цепкаа и ситнеа македонското ткиво… Ама… – Бугарете ни одиграја една голема измама, коа на нас Македонцете ни га окачија на врат ка ѓердан… и уше га носимо…! – по кратко молчење рече Андро и ја повлече Благуња за рака, за да слезат во дворот и да се придружат на мајка му, која со ножиците во раце ги кастреше расцветаните трендафили.
– За каков ѓердан збориш бре, Андро? – праша Благуња, трудејќи се да го разбере муабетот, како љубопитно учениче.
– Личи на гердан, а фактички е окова коа га носимо ка да смо родене со неа.
– Шо збориш бре, Андро? Енпута збориш за гердан… па окова… Нишо не те разбрав…
– Еее… лична моа неесто…! Сакаш бугарскиот „дар“ наречи га – окова, сакаш – јарам…, сакаш – ѓердан. – „Епи си бир“ – ка шо вељат Турцете… Важно, мие се „закитивмо“ со хегемонистичкото признаање на македонското име од страна на Бугарете, со додатокот – „Македонски Бугари“. По тоа наше паѓање у смислената клопка, егзархиската пропаганда, к’ј нас, у Тетоо и Полошко, успеа деу од македонското население да га придобие на нејина страна. Се израдуавмо шо се спомиња македонското име… несвесни д’ка не се работи за признаање на нас Македонцете ка посебна нација, туку, за наше прилепуење кон Бугарете, ка да смо изведене од ними…
– Како „изведене“ ?
– Ка пилето од кокошката… мори!
– Шо збориш, бре, Андро!
– Ка да смо едно… Благуњо моа, – Бугари!“
——————-
Извадок од романот во објава „Одложен живот“, на авторот.
На крајот, и ова:
– Еве на кој јазик зборувал и пишувал во „Огледало“, во 1816 година, еден од првите македонски писатели, Тетовско-полошкиот преродбеник и просветител Кирил Пејчиновиќ – Тетоец, чие име со гордост го носи тетовската гимназија. Тој, во 1817 год., го обнови Лешочкиот манастир, подигнат 1600 година од македонскиот владика Никанор, во кој престојувал, пишувал, собирал и преведувал стари книги на народен македонски јазик, подучувајќи ги селаните да го чуваат, негуваат и изучуваат својот јазик, како извориште на сила, духот и правдината:
„ – Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за својата душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо.
Ни христијани можем да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и велика субота јадат и пијат, и великиј пост хора играат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат…“.
Секој сам да процени и да се увери…!