ЈА ОДБРАНИВМЕ МАКЕДОНИЈА, НЕМАМЕ ДРУГА ТАТКОВИНА! Мицкоски се приклучи во славјето на плоштад

Одбравме да биде тешко, но да не биде срамно. Не смее да биде срамно. Затоа радувајте се – порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

507

„Овој народ овде се собра затоа што си ја сака и си ја штити Македонија“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од плоштадот „Македонија“ во Скопје.

– Ние друга татковина немаме. Вие бевте наша инспирација да издржиме целиот овој период. Одбравме да биде тешко, но да не биде срамно. Не смее да биде срамно. Затоа радувајте се – порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од плоштад „Македонија“ каде се собраа огромен број граѓани да ја прослават двојната победа.






Мицкоски порача дека борбата подобар живот продолжува, но важно е дека Македонија ја ослободиле достоинствено нејзините синови и ќерки.

ВМРО-ДПМНЕ денеска го декласираше СДСМ и на претседателските и на парламентарните избори.

Поврзани содржини