📽 А НЕЛИ ПРИДАВКАТА НЕ БЕШЕ НА ПРОДАЖБА? Заев кажа „македонски“, Грците веднаш го пресекоа

Заев претходно рече дека Грција преку меморандумите ја прифатила честа да го штити македонскиот воздушен простор, а потоа беше поправен од соговорничката.

3,489

Дали поранешниот македонски премиер сфати дека бадијала беше поправен кога ја употреби придавката „македонски“? На Меѓународната конференција за мир во Атина тој зборуваше за трите меморандуми кои треба Грција да ги ратификува, а кога кажа „македонски“ веднаш беше поправен од грчката соговорничка, иако, според Преспанскиот договор придавките изведени од зборот „Македонија“ не подлежат на промена.

– Северна Македонија – рече таа, како да е зачудена од речникот на Заев.






Заев претходно рече дека Грција преку меморандумите ја прифатила честа да го штити македонскиот воздушен простор.

Настанот организиран од фондацијата Заев и Институтот Ципрас започна вчера и трае денес. Тој е организиран по повод 6 години од потпишувањето на Преспанскиот договор. Присуствува и Метју Нимиц, долгогодишниот медијатор за спорот Македонија-Грција кој од екс-грчкиот премиер Алексис Ципрас ја доби наградата за мир „Преспа“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Поврзани содржини