Вини Харлоу (26) и нејзиното момче Кајл Кузма (25) беа фотографирани заедно по напуштањето на луксуззен ресторан во Малибу, а манекенката притоа изгледала многу атрактивно во минијатурниот фустан.
Вљубената двојка беше фотографирана на вечера во „Нобу“ во Лос Анџелес, неколку дена по Денот на вљубените, бидејќи на тој датум Кајл беше на пат со тимот на Лејкерс. Па така, нивниот „Ден на вљубените“ беше одложен за денот кога тој се врати.
По тој повод, Вини носеше светло розoв фустан и розова чанта „Фенди“, додека на нозете имала беж салонки со црни врвки. Манекенката во преден план ги ставила своите долги и совршено обликувани нозе, а преку фустанот се гледаше нејзината совршена фигура.
Вини носела црна заштитна маска на лицето, додека ја оставила долгата коса надолу да паѓа, а целиот изглед го завршила со дијамантски ѓердан.
Од друга страна, ѕвездата на НБА, Кајл беше во многу порелаксирана комбинација – искинати фармерки и беж маица, над која носеше кафеава јакна. Кошаркарот носеше длабоки црно-бели патики и бела заштитна маска на лицето.
И покрај тоа што страда од нарушувања на пигментацијата на кожата или витилиго, канадскиот модел е еден од најуспешните во светот.
Родена е во 1994 година во Торонто и по потекло е од Јамајка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram