Актерката Џенифер Анистон наводно се смирила со својот татко, Џон, и после многу години повторно оствариле вистински однос и му ги простила лошите работи од минатото.
За нивното смирување и обновениот семеен однос е заслужна изолацијата. Имено, откако Џон е хоспитализиран поради здравствените проблеми кои ги има со абдоменот, следела изолација, а Џенифер тогаш се грижела за својот татко.
– Како да сфати дека животот е краток и дека нејзиниот однос со татко ѝ мора да биде добар, бидејќи никогаш не се знае што ќе ги раздели засекогаш – рекол изворот.
Тие двајца сега редовно телефонски комуницираат, а Џенифер редовно се распрашува и за неговата здравствена состојба.
Инаку, Џенифер со татко ѝ е во лоши односи уште од нејзината деветта година, кога Џон ги напуштил нејзе и нејзината мајка, за што таа не можела да му прости.