ЈА НАПАДНАЛ 70-ГОДИШНАТА МАЈКА Велешанец ја тепал сопругата, скопјанец се нафрлил врз братот

382

Скопската и велешката полиција ги истражуваат трите случаи на семејно насилство кои се случиле вчера во два семејни домови.

Според МВР, во 18.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле С.С.(31) од Скопје затоа што околу 18.30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 23-годишен брат.

На 06.05.2023 во 18:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Ч.(45) од Скопје затоа што околу 17:50 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 70-годишна мајка и ѝ упатил закани.

Во 23.40 часот во Велес, полициски службеници го уапсиле А.К.(48) од Велес затоа што околу 20 часот во домот агресивно се однесувал и со остар предмет се заканил на неговата 40-годишна сопруга.

Поврзани содржини