А МОЖЕ ЛИ ВЕЌЕ ДА НЕ ИМ ПРАЌАМЕ ОРУЖЈЕ? Синот на Трамп се прашува што по ракетите кои паднаа во Полска
Додека синот на Трамп се бави со политика, татко му ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година каде ќе се соочи со Џо Бајден, но можеби ќе биде истуркан од својот сѐ попопуларен сопартиец Рон Де Сантис.
Синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, на Твитер се прашува дали е време да престане да се испраќаат милијарди во Украина откако украинска ракета падна во Полска.
„Откако украинска ракета го погоди сојузникот на НАТО, Полска, можеме ли барем сега да престанеме да трошиме милијарди за нивно вооружување?“, прашува на Твитер Трамп Јуниор.
Since it was Ukraine’s missile that hit our NATO ally Poland, can we at least stop spending billions to arm them now?
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) November 16, 2022
Додека синот на Трамп се бави со политика, татко му ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година каде ќе се соочи со Џо Бајден, но можеби ќе биде истуркан од својот сѐ попопуларен сопартиец Рон Де Сантис. Трамп неодамна бил бесен на Меланија бидејќи на неодамнешните средорочни избори Републиканците го освоија само Конгресот, а не и Сенатот.
Синот на неговиот противник Бајден, Хантер Бајден исто така е познат во медиумите, но по скандали со дрога, по своите врски со наводните биолаборатории во Украина и во мито-скандал со шефови на кинески фирми-магнати за нафта. ЦИА неодамна ги собра документите за Хантер, а голем дел од доказите дојдоа од мејловите во неговиот лаптоп, кој тој го оставил на сервис.