ЈА ЛАЖЕЛ ДЕКА ЌЕ Ѝ ИЗВАДИ СТРАНСКИ ПАСОШ Скопјанец измамил жена за 29.200 денари
Во периодот од април до јули 2022 година, пријавениот со прикажување на лажни факти дека е вработен во амбасада на странска земја во Северна Македонија, довел во заблуда 37-годишна жена дека може да ѝ посредува при добивање пасош од таа држава, при што се стекнал со противправна имотна корист од 29.200 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ж.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.