АЈКУЛА ДО СМРТ РАСТРГНА 23-ГОДИШНО МОМЧЕ Во Хургада настрада руски државјанин

7,976

Ајкула денеска до смрт растргна 23-годишно момче на плажата „Дрим Бич“ во популарното египетско одморалиште Хургада.

Неговата девојка во водите на Црвеното Море била заедно со него, успеала да побегне, а татко му беспомошно гледал како ајкулата го носи синот во смрт, пренесува „Сан“.






Според руските медиуми, жртвата е Русинот Владимир Попов кој неодамна се преселил во Хургада заедно со својот татко.

Веста за смртта на рускиот државјанин ја потврди рускиот генерален конзул во Хургада, Виктор Воропајев. И Министерството за наворешни работи на Русија ја потврди смртта на руски државјанин од напад на ајкула.

Доцна попладнево медиумите јавија дека е уловена ајкулата која го уби руски државјанин во Хургада додека тој пливаше во водата.

На руските туристи им беше кажано да бидат внимателни во популарното одморалиште и да ги следат упатствата и забраните на персоналот во хотелот.

Поврзани содржини