ЈА КРСТИЛЕ ПО АВИОНОТ КОЈ ЈА СПАСИ ОД АВГАНИСТАН Девојчето „Рич“ се родило веднаш откако слетале
Не било лесно да се донесе девојчето Рич на овој свет. Најзината мајка имала болки уште во текот на летањето, а војниците во еден момент решиле да летаат на помала надморска височина за мајката полесно да дише. На пониска височина, притисокот на воздухот е поголем. Штом слетале, војниците помогнале во вадењето на бебето од утробата на мајката.
Женско бебе било родено и крстено по авионот кој го донел од Авганистан во германската база, а породувањето се случило веднаш откако авионот слетал, пренесува Н1. Девојчето ќе се вика Рич (Reach) кое било „повикувачко име“ за тој авион, кој инаку бил од моделот „Боинг Ц-17“.
Повикувачко име е името на авионот кое се користи во радиокомуникацијата со пилотот. Секој авион има вакво посебно кодно име, а по него следат некои броеви. Рич на англиски значи „дофат“, или „достигни“, ако е глагол.
Не било лесно да се донесе девојчето Рич на овој свет. Најзината мајка имала болки уште во текот на летањето, а војниците во еден момент решиле да летаат на помала надморска височина за мајката полесно да дише. На пониска височина, притисокот на воздухот е поголем. Штом слетале, војниците помогнале во вадењето на бебето од утробата на мајката.
Среќни дека сè завршило како што треба војниците за се пофалиле и на Твитер.
Baby born on US evacuation flight from Afghanistan named Reach after the flight’s call sign
Commander of US European Command Tod Walters said three pregnant women who were evacuated from Afghanistan have given birth,including one woman who delivered a baby on board a C-17aircraft pic.twitter.com/5dKo5ONT1m— Mountaineer (@18ce54dvd6h) August 26, 2021
– Како што можете и да замислите, како пилот на борбени авиони, мојот сон е да го гледам ова мало дете по име Рич како расте и станува американски државјанин и лета во борбени авиони на Соединетите држави – се пошегува Тод Волтерс, командант на американските сили за Европа.
Германската база во која слетал авионот од Катар се вика „Рамштајн“. Таа се наоѓа во западна Германија и е најголема американска возухопловна база надвор од САД. „Рамштајн“ може да собере и до 12.000 луѓе, а од таму бегалците летаат директно до аеродромот Далс, во близина на Вашингтон.
Земено вкупно, сите бази во Германија, како и по една база кои се наоѓаат во Италија и во Шпанија, можат наеднаш да примат до 25.000 евакуирани лица, велат проценките на Волтерс.