ЈА КРЕНА ВО ВОЗДУХ И ЈА ТРЕСНА ОД ЗЕМЈА Српски политичар скрши гласачка кутија (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделува снимка на која се гледа како Ного го уфрла гласачкото ливче, а потоа ја зема гласачката кутија и ја фрла на подот.

1,319

Поранешниот член на српското десничарско движење Двери, Срѓан Ного, ја искрши гласачката кутија откако денеска гласаше на референдумот во Србија.

Српската полиција потврди дека тој е приведен и дека ќе биде задржан 48 часа. Тој се сомничи за кривично дело по членот 159, односно „спречување одржување на гласањето“.






На социјалните мрежи се споделува снимка на која се гледа како Ного го уфрла гласачкото ливче, а потоа ја зема гласачката кутија и ја фрла на подот.

Во Србија денеска се одржува референдум за уставни промени во сферата на правосудството.

Поврзани содржини