А КАДЕ Е ПЕЧАТОТ? Мицкоски бара од директорката од Демир Хисар да одговори каде исчезнале документите од училиштето
Тоа што тој началник постапил надвор од овластувањата, и спротивно на ЗКП тој ќе си сноси последици. Но, суштината е зошто никој не го коментира работењето на сменетата директорка, и зошто никој не го коментира во јавноста исчезнувањето на печатите и документи од училиштето, порача премиерот Христијан Мицкоски.
Началникот кој постапил надвор од овластувањата за време на претрес во Демир Хисар, е суспедниран односно сменет, вели премиерот Христијан Мицкоски, и додава дека доколку има пречекорувања кои имаат и кривична одговорност ќе има и други мерки. Нема повластени и секој кој ќе згреши ќе си сноси одговорност. Но потенцира, треба да се констатира и да се преземат и мерки за директорката, за која од страна на ДПИ, се констатирани големи неправилности поради кои е и разрешена. Некој, вели, треба да даде одговор во јавноста за исчезнувањето на печатите и документи од училиштето.
– Овој случај лично го следев деновиве од блиску. МВР реагираше како што реагираше. Началникот којшто постапува надвор од овластувањата е суспендиран, односно сменет. И тоа е тоа што може да го констатира во овој момент внатрешната истрага и процедурите на МВР. Доколку има пречекорувања коишто имаат и кривична одговорност се разбира и тоа ќе се случи. Нема да има повластени не е ова ВМРО, не е ова СДСМ и ДУИ, ова е Влада во која што ВМРО ДПМНЕ е на страната на граѓаните. И мора секој оној којшто ќе се огреши, без разлика од каде е, да сноси последици за тоа го што направил – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во изградбата на училишна спортска сала во Петровец.
Вториот дел од вистина, нагласува премиерот Мицкоски, која што за жал никој не ја пренел е фактот дека во работењето на директорката, од страна на ДПИ, се констатирани големи неправилности финансиски, но и друг тип.
– И тоа е причината зошто таа добива решение за да биде променета, а главното прашање кое што треба да и се каже на јавноста, на која што таа треба да одговори е, зошто ги снемува печатите и дел од документите во училиштето по нејзината смена. Тоа е суштината. Тоа што тој началник постапил надвор од овластувањата, и спротивно на ЗКП тој ќе си сноси последици. Но, суштината е зошто никој не го коментира работењето на сменетата директорка, и зошто никој не го коментира во јавноста исчезнувањето на печатите и документи од училиштето – рече Мицкоски.
Со ова додаде треба да се позанимава Обвинителството, но за ова треба сите ние јавно да дискутираме.
– Зарем ова ќе го замолчиме, девијантно однесување каде што постои основано сомневање за сторен криминал и ќе се фокусираме на ова. Еве ја затворам темата. Тој којшто постапил од правилникот сноси последици. Ајде сега за ова да видиме за суштината. Затоа што ако амнестираме ваков директор којшто работи спротивно на закон, и за кој што постои основано сомневање за сторен криминал, тогаш имаме ние проблем. Тогаш имаме сите ние проблем – рече Мицкоски.
Неодамна во јавноста излезе видео снимка од претрес на директорна на училиште во Демир Хисар. По ова МВР ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатирал непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето била покрената дисциплинска постапка.
Во соопштението на полицијата се вели дека со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.
Претходно МВР сооппшти дека на 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л.