ЈА ИЗНЕВЕРИЛ СО 80 ЖЕНИ Сопругата сѐ му прости на актерот (ФОТО)
Двојката долго време не се појавуваше во јавноста, а се шпекулираше и дека ќе се разведат, што сега го демантираа појавувајќи се прегрнати.
Американецот со кубанско потекло, актерот Вилијам Леви (41) ги изненади сите кога неодамна се појави на црвениот тепих со сопругата Елизабет Гутиерез.
Двојката долго време не се појавуваше во јавноста, а се шпекулираше и дека ќе се разведат, што сега го демантираа појавувајќи се прегрнати. Елизабет дури сподели и на Инстаграм со што се фали со романтичниот гест на Вилијам: додека тие шетаат, тој ѝ носи чадор.
View this post on Instagram
Леви и Елизабет Гутиерез се во брак од 2003 година. Во текот на претходните години беа откриени бројни афери со колешките, вклучувајќи ги Химена Наварет и Жаклин Бракамонтес, поради кои Леви дури беше на чекор до развод. Сепак, сето тоа „се скрши“ кога излегоа и јавно прозбореа за аферата со актерот, а тој сѐ остро демантираше. Вилијам беше обвинет и дека во хотелска соба намамил малолетничка, но обвинението набрзо беше отфрлено.
Последниот во низата скандали е оној со Барбара Лопез.
„Едвај чекал да ја одведе во кревет. За време на паузите, ѝ зборувал што сака да ѝ прави, а таа паднала на неговиот шарм и, како и многу други, не можела да му одолее. За него тоа било само секс, но тој го плати со тоа што ја загуби мајката на своите деца – рекол извор за странските медиуми лани.Тој додал дека Леви ја изневерил својата сопруга со повеќе од 80 жени.
По тој скандал и афера, се зборуваше дека неговиот брак дефинитивно завршил и дека неговата сопруга одлучила да стави крај на нивната приказна, но сепак, се чини дека успеале да најдат начин да ги надминат проблемите и да продолжат со нивната љубовна приказна.
Тие имаат две деца, Кристофер и Кејли.
ФОТО: Инстаграм