ЈА ИЗЛАЖАЛ ДЕКА ЌЕ ЗАРАБОТИ 20.000 ЕВРА НА СПОРТСКИ ТИПОВИ Преку лажен профил на Инстаграм ѝ одзел повеќе од 2.000 евра

При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице преку прикажување лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе ѝ биде исплатена сума преку банка во износ од 20.157 евра, односно дека со вложување пари ќе добие значително поголема добивка.

138

Преку лажен профил на Инстаграм корисник измамил жена која ја навел да вложи пари со цел да добие поголема добивка. На крајот тој ги зел парите, а нејзе ѝ останало само да пријави во полиција.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот законик. Измамата се случувала во текот на февруари годинава. Со намера да стекне противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа Инстаграм со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ стапило во контакт со оштетеното лице.






При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице преку прикажување лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе ѝ биде исплатена сума преку банка во износ од 20.157 евра, односно дека со вложување пари ќе добие значително поголема добивка. Оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2.156 евра, кои пари во три наврати биле подигнати од страна на пријавеното лице.

Поврзани содржини